Свет 26. мај 2020. / 08:45

Русија забрани увоз на гориво во следните четири месеци

Русија забрани увоз на гориво во следните четири месеци

Руската Влада донесе одлука привремено да го прекине увозот на гориво со цел да се обезбеди енергетска безбедност и да се стабилизира состојбата на домашниот пазар, јавува агенцијата ТАСС.

Указот потпишан од премиерот Михаил Мишустин предвидува оваа мерка да биде во сила во наредните четири месеци.

Привремена забрана за увоз во Русија на видовите горива наведени во списокот од денот на влегување во сила на оваа регулатива до 1 октомври 2020 година – се вели во документот.

На списокот се наоѓаат бензин за мотори, дизел, гориво за авиони и бродови и мазут, пренесува ТАСС.