Свет 02. мај 2020. / 16:08

Русија забележа нов дневен рекорд на заразени од коронавирус

Русија забележа нов дневен рекорд на заразени од коронавирус

Москва е сè уште најпогодениот град со коронавирус, а од вчера се пријавени над 5000 новозаболени.

Нови 9623 случаи на инфекција со коронавирус се потврдени во Русија во последното деноноќие , што е нов дневен рекорд. Вкупниот број на заразени во таа земја сега е 124.054.

Во изминатите 24 часа починале 57 лица, што значи дека од почетокот на пандемијата во Русија досега животот го загубиле 1.222 лица од коронавирусот.

Москва е сè уште најпогодениот град со коронавирус, а од вчера се пријавени над 5000 новозаболени.

Со недели, независните руски новинари и невладини организации испраќаа пораки до здравствените работници кои тврдат дека се во првите редови на борбата против коронавирусот со несоодветна опрема.