Најмалку 19 луѓе се поведени во три експлозии во фабрика за ТНТ експлозив во Дзержинск, областа Нижни Новгород во централна Русија, соопшти локалната власт. На социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои се гледа како над фабриката „Кристал“ се крева огромен облак чад во форма на печурка.
Според портпаролот на итните служби, експлозиите се случиле поради дефект во технолошкиот процес и сѐ уште постои ризик од дополнителни експлозии. По експлозиите, во фабриката избувнал и пожар на површина од стотина квадратни метри.
Фабриката за ТНТ експлозиви „Кристал“ е основана во 1953 година и е дел од државната корпорација „Russian Technologies“.