Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) идентификувала 2.000 руски државјани кои се роднини на екстремистички борци на Блискиот Исток.
Според ФСБ, тие би можеле да се вратат во Русија и да претставуваат закана по безбедноста на земјата.
Директорот на ФСБ, Александар Бортников, изјави дека таквите луѓе се обидуваат да пристигнат во Русија откако преку хуманитарните коридори ќе заминат од зоните на конфликт на Блискиот Исток.