Кремљ изрази сомневање дека ќе дојде до подобрување на руско-британските односи по победата на Конзервативната партија на вонредните парламентарни избори во Велика Британија.
– И натаму се надеваме дека политичките сили кои победија на изборите, без разлика од која земја доаѓаат, сакаат дијалог и да имаат добри односи со нашата земја. Меѓутоа, не знам колкави можат да бидат нашите очекувања во тој правец токму во случајот со (британските) конзервативци – изјави порртпарлот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Руско-британсите односи се затегнати поради различни несогласувања и шпионскиот скандал.