Бројот на инфицирани со корона вирус во Русија се зголеми за 10.899 лица во текот на последните 24 часа, стои во официјалните податоци на земјата објавени во вторникот.
Во меѓувреме, руските здравствени власти објавија дека 107 пациенти со Ковид-19 починале во истиот период, зголемувајќи го бројот на смртни случаи на национално ниво на 2.116.
И покрај тоа што во моментов е една од најтешко погодените земји во пандемијата, рускиот претседател Владимир Путин најави опуштање на ограничувањата на корона вирусот почнувајќи од денеска.