Свет 28. јуни 2018. / 13:24

Русија повлекла голем број на авиони, хеликоптери и војници од Сирија

Русија повлекла голем број на авиони, хеликоптери и војници од Сирија

Во последните неколку денови од Сирија вратени се 13 авиони, 14 хеликоптери и 1.140 војници, соопшти претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.

-Во последните неколку денови вратени се 13 авиони, 14 хеликоптери и 1.140 војници. Сите тие се луѓе со големо искуство кои ја поминаа војната. И вас ви претстои целосно да го искористите тоа борбено искуство на војниците, овде на територијата на Руската Федерација за решавање на најсложените нестандардни задачи – рекол Путин на состанокот со дипломците од воената академија во Кремљ, пренесе Спутник.

Путин соопштил дека ракетниот комплекс Авангард, наскоро ќе биде предаден на војската, а системот Сармат, дури наредната година.