Русија почна со воздушните напади на последното упориште на антивладините сирсики бунтовници во градот Идлиб .
Почнаа воздушните напади на строго контролирани цели во градот Идлиб , на северот на Сирија , кој важи за последно упориште на бунтовниците, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Четири руски воени авиони гаѓаа во цели поврзани со бунтовниците, како складиште за оружје и база за лансирање дронови . Според руските воени власти , целите се наоѓаат далеку од станбени населби во Идлиб.
Русија за прв пат воено интервенираше во Сирија во 2015 , по што дојде до преврат во војната со победа на провладините трупи на Башар ал Асад. Вчера во нападите во Идлиб загинаа осум лица.