Свет 25. ноември 2018. / 21:59

Русија отворила оган и запленила три украински бродови кај Крим

Русија отворила оган и запленила три украински бродови кај Крим

Украинската морнарица соопшти дека Русија отворила оган и запленила три од нејзините бродови крај брегот на анектираниот Крим, што се толкува како голема ескалација на тензиите.

Таа соопшти дека по голема брканица, руските специјални сили заробиле две топовници и еден реморкер. Два члена на украинскиот екипаж се повредени.
Русија сè уште нема коментар за овие тврдења.

Таа претходно ја обвини Украина за илегално влегување во руските води, блокирајќи го пристапот до Азовско Море со танкер поставен под мост во Керченскиот теснец.