Свет 21. јули 2020. / 13:38

Русија одрекува мешање во изборниот процес во САД, Велика Британија или која било друга држава

Русија одрекува мешање во изборниот процес во САД, Велика Британија или која било друга држава
Дмитриј Песков/портпарол на Руската Федерација

Русија никогаш не се мешала во предизборни кампањи на други земји и нема да толерира странско мешање во своите внатрешни работи, изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, коментирајќи го извештајот на Разузнавачкиот и безбедносен комитет на британскиот Парламент.

– Русија никогаш не се мешала во изборниот процес во САД, Велика Британија или која било друга држава. Дури и ако овој извештај содржи некои неосновани обвиненија, се обложувам дека дури и ако постојат обвинувања, за нив нема да има основа, тие ќе бидат неосновани, истакна Песков.

Русија се вмешала во референдумот во Шкотска во 2014 година, а британската Влада пропушти да побара темелна истрага за евентуална директна вмешаност на Кремљ во гласањето за Брегзит, соопшти Комисијата за безбедност и разузнавачки работи при британскиот Парламент.