Министерството за одбрана на Русија избра 50 доброволци од редовите на војската за тестирање на вакцината против корона вирусот.
Од Министерството соопштија дека 50 војници, меѓу кои и пет жени, биле избрани бидејќи изразиле желба да учествуваат во тестирање за безбедноста и ефикасноста на вакцината против корона вирусот.
Во Русија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 182 луѓе, така што вкупната бројка на смртни случаи сега изнесува 5.037 лица.