Свет 29. јули 2020. / 20:15

Русија најави вакцина против Ковид-19 за две недели

Русија најави вакцина против Ковид-19 за две недели

Русија има за цел да стане првата земја во светот што ќе има одобрена вакцина против коронавирусот, соопшти Си-Ен-Ен повикувајќи се на руски официјални лица, вклучително и шефот на рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) Кирил Дмитриев.

„Руските власти изјавија за Си-Ен-Ен дека работат на датум од 10 август или порано за одобрување на вакцината, која е креирана од московскиот институт  ,Гамалеја ‘“, соопшти американскиот ТВ канал.

Втората фаза на клинички тестови на вакцината против Ковид-19, развиена од Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ за епидемиологија и микробиологија, е при крај, објави прес-службата на руското Министерство за здравство во понеделникот. Државната регистрација на вакцината ќе биде решена откако ќе завршат тестовите.

Директорот на Центарот, Александар Гинтсбург, претходно рече дека е планирано да се заврши втората фаза на тестовите за вакцинирање пред 28 јули. Подоцна, началникот на рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, рече дека втората фаза ќе заврши на 3 август 2020 година.