Русија испрати хуманитарна помош за Иран, која се состои од текстил за производство на заштитни маски за лице.
Како што изјави рускиот дипломатски претставник во Техеран, Андреј Ганенко, хуманитарната помош е доставена во Иран на 7, 14 и на 15 мај.
Во април, Иранската амбасада во Русија соопшти дека Иран има итна потреба од медицински маски, респиратори и комплети за тестирање за корона вирусот. Техеран ги упати списоците со неопходна опрема до неколку држави, меѓу кои и Русија.
По 3 мај, бројот на заразени со Ковид-19 во Иран повторно е во пораст и вкупниот број на инфицирани изнесува 118.300 луѓе, додека регистрирани се 6.937 смртни случаи.