Русија ќе распореди нови ракетни системи С-400 на Кримскиот Полуостров, пренесува руската агенција Интерфакс повикувајќи се на извори од руското министерство за одбрана.
Веста за разместување на ракетните системи доаѓа откако Украина воведе 30-дневна воена состојба во делови од земјата откако Русија заплени три украински воени брода во близина на брегот на Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.
Руската агенција РИА јави дека новите ракетни системи С-400 ќе бидат спремни до крајот на оваа година.
С-400 е еден од најнапредните ракетни системи за противвоздушна одбрана, наследник на С-300, кој во руската војска е во употреба од 2007 година.
Економист тој систем во 2017 година го опиша како „еден од најдобрите произведени ракетни системи во светот“.