Свет 15. јануари 2021. / 21:55

Русија ќе има тестови за откривање на мутираниот коронавирус

Русија ќе има тестови за откривање на мутираниот коронавирус

Во следните недели во Русија ќе се појават системи за тестирање кои ќе можат да детектираат вирусот Kовид-19 со мутациите, изјави директорката на Федералната служба за фитосанитарен надзор (Роспотребнадзор), Ана Попова.

– Сега можеме да добиеме систем за тестирање, ќе трае најмногу 2-3 недели, што ќе го разликува вирусот од вирусот со мутации. Набавивме инструмент што одредува одредени промени во вирусот, рече Попова на состанокот на вицепремиерката на Русија, Татјана Голикова, со водечките епидемиолози и вирусолози.

Дешифрирани се повеќе од 400 сорти на коронавирус.

-Русија има повеќе од 600 примероци на сорти на коронавирусот, од кои над 400 се декодирани, изјави заменик-премиерот на руската влада, Татјана Голикова.

– Откако пациентите со коронавирус се појавија во Русија, нашите научници ги изолираа нивните сорти на коронавирусот. Сега имаме повеќе од 600 – мислам на 600 примероци, од кои повеќе од 400 имаат комплетна геномска низа, рече Голикова.

Таа додаде дека Русија активно учествува во проучување на генетската разновидност и еволуцијата на пандемискиот потенцијал на ковид-19.