Свет 09. јули 2018. / 10:27

Русија ќе евакуира 1.000 луѓе од зона за деескалација во Сирија

Русија ќе евакуира 1.000 луѓе од зона за деескалација во Сирија

Руската армија планира да евакуира околу илјада луѓе од југозападната зона за деескалација во Сирија по хуманитарниот коридор во близина на градот Дара.

Евакуираните лица ќе бидат сместени во северната сириска провинција Идлиб.

– Бројот на села и градови кои се приклучија на примирјето во Југозападна Сирија се зголеми на 90, соопшти рускиот Центар за помирување на завојуваните страни во Сирија.