Русија ќе ја одложи традиципналната парада на 9 мај за подоцнежен датум, кој веројатно ќе биде познат следните неколку дена.
Една од варијантите за кои се размислува е 24 јуни, ден кога во 1945 година се одржала парада под командата на Георгиј Жуков, или, пак, на 3 септември. Оваа недела Државната дума усвои закон за признавање на тој датум за Ден на крајот на Втората светска војна.
Организации на руски ветерани вчера го повикаа претседателот Владимир Путин да ја одложи воената парада по повод годишнината од победата над нацистичка Германија, поради епидемијата на корона вирусот.