Русија испрати уште 300 воени полицајци од Чеченија во Сирија за „извршување на посебни задачи во зоната од 30 километри на сириско-турската граница, објави руското Министерство за одбрана.
– Околу 300 воени полицајци од вооружените сили на Руската Федерација стационирани во Чеченската Република пристигнаа во Сирија да извршуваат посебни задачи – се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.
Воените полицајци ја заминаа од Русија од аеродромот во Северна Осетија. Нивната задача ќе биде да патролираат во реонот на сириско-турската граница и да помогнат при повлекувањето на Курдите.