Свет 27. март 2018. / 13:26

Русија и спрема „историско изненадување“ на Британија за 29 март

Русија и спрема „историско изненадување“ на Британија  за 29 март

Официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, и вети на Британија „историско изненадување“.

„Имаме изненадување за сите оние кои имаат или совест или смелост да направат било какво споредување меѓу Русија и Третиот рајх. За сите нив имаме достоен одговор и подарок“ – рече Захарова.

Таа додаде дека Русија ќе го претстави „изненадувањето“ на 29 март. Но ,таа потенцираше дека тоа ќе се случи ако се „соберат сите материјали“.

За какви документи точно станува збор, Захарова не сакаше да и каже на јавноста.

Претставничката за надворешни работи изјави дека Велика Британија не може да докаже дека Москва е виновна за тргувањето на поранешниот полковник Сергеј Скрипаљ.

„Тоа е голема провокација. Би рекла дека станува збор за голема авантура“- додаде Захарова

Претходно, шефот на британската дипломатија Борис Џонсон изјави дека претседателот Путин го користи Светското првенсто во фудбал за подобрување на имиџот на Русија. Тој се сложи со еден од пратениците дека ова што сега се случува наликува на тоа како Хитлер ги искористувал Олимписките игри во 1936 година во Берлин.