Русија и Обединетите Арапски Емирати потпишаа договори во вредност од 1,4 милијарди долари. Богатата зделка ја склопи рускиот претседател Владимир Путин, кој беше лидер на руската делегација во посета на ОАЕ.
– Инвестициите ќе бидат направени во областа на петрохемијата, транспортот и медицината. Проектите вредат околу 1,4 милијарди американски долари и опфаќаат широк спектар на различни индустриски гранки – изјави Путин на средбата со бизнисмени од двете земји.
Путин изјави дека Москва ја поздравува инвестицијата на Обединетите Арапски Емирати во руската економија и потсети дека Фондот „Мубадала Емирејт“ е еден од првите партнери на Рускиот фонд за директни инвестиции и дека тие веќе имаат спроведено повеќе од 45 проекти во вредност од 2,3 милијарди американски долари.
– Враќањето на овие инвестиции е значајно, тие понекогаш се трипати повисоки од светските стандарди – додаде Путин.