Свет 19. септември 2019. / 20:21

Русија и Кина ставија вето на резолуцијата за примирје во Сирија

Русија и Кина ставија вето на резолуцијата за примирје во Сирија

Како постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, Русија и Кина ставија вето на резолуцијата за примирје во Сирија.

Убедливото мнозинство во Советот за безбедност , каде Кина и Русија се постојани членки , беше за прекин на војната во северозападната сириска покраина Идлиб , последното упориште на бунтовниците.

Во резолуцијата освен прекин на огнот , се барало и акциите против терористите да се одвиваат во согласност со меѓународното хуманитарно право.