Свет 09. декември 2018. / 21:45

Русија го запре развојот на „паметниот“ куршум

Русија го запре развојот на „паметниот“ куршум

Русија го одложи развојот на самонаведувачкиот „паметен” куршум на неопределен период, јавија руски медиуми, оповикувајќи се на извори од воено-индустрискиот сектор.

– Спроведена е фазата на теоретско испитување, која покажа дека ќе биде многу тешко да се реализира таквата задача, рекол изворот, пренесува Радио-телевизија Црна Гора.

Пред две години, генералниот директор на Фондот за перспективни истражувања Андреј Григориев рече дека таа институција конструира снајперска муниција со наведувано зрно, а првиот човек на кластерот „Вооружување“ Сергеј Абрамов тогаш најави дека таквите куршуми треба да бидат тестирани на почетокот на 2020 година.

Идејата беше куршумот да има сопствен погонски систем и сензори, кои би ќе ја коригира траекторијата на куршумот додека е наведуван од ласер.

И американската ДАРПА пред четири години соопшти дека развива самонаведувачка муниција, но не е познато до каде се со проектот.