Состојбата во Сирија не беше тешка да се предвиди со оглед на мешањето на големите сили, особено сега по зачестените акции кои доаѓаат од Запад. Сепак најголемо влијание за ваквиот развој на настаните има русија која го подржува режимот на Асад кој имаше доволно време да го тргне хемиското оружје во руските бази вели Јасмин Реџепи познавач на геополитичките состојби во Сирија.
Реџепи кој до сега неколку пати беше активен за време на бегалската криза и на турско – сириската граница вели, САД ја испушти својата можност таму да ја спречи војната уште во времето на Обама а Асад со поддршка на руските воени сили држи повеќе од 50 % од територијата на земјата. Реџепи не е оптимист дека САД и сојузниците можат да направат многу во целата оваа ситуација.