Министерството за енергетика на Русија во вторникот потврди дека земјата ќе учествува на претстојниот состанок на членовите на ОПЕК + на 9-ти април.
Во меѓувреме, РИА њуз објави дека сè уште не е постигнат консензус за цените на нафтата помеѓу Русија и Саудиска Арабија, кои како резултат на нафтената војна, ја срушија цената на нафтата на светските пазари.
Цената на нафтата за мај се стекна со профит од 3,07% и достигна 26,97 долари за барел, а Брент нафтата за јуни истовремено се зголеми за 2,03% на 33,75 долари за барел.
За потсетување, како резултат на зголемување на производството а малата побарувачка поради падемијата на корона вирусот, цената на нафтата на светските пазари падна за околу 30 проценти.
Зголемувањето на производството беше резултат на завршувањето на претходниот и неможноста да се постигне нов договор, Русија и Саудијска Арабија започнаа со трката кој повеќе ќе произведе нафта.
Во надминување на нафтената пазарна криза се вклучи и америкаканскиот престедател Доналд Трамп кој посредуваше кај својот сојузник Саудиска Арабија и кај Русија тие да го намалат производството, и да ја запрат ценовната војна која, како што изјави Трамп, ја уништува светската нафтена индустрија.
Трамп очекува дека по состанокот на ОПЕК во четврток, светските нафтени производители ќе ја вратат нафтената индустрија на ниво каде што таа се наоѓаше пред почетокот на пандемијата, и така ќе се стабилизира цената на нафтата на светските пазари.