Свет 15. април 2020. / 16:08

Русија ги повика САД да се воздржат од напади кон СЗО

Русија ги повика САД да се воздржат од напади кон СЗО

Официјална Москва ги повика САД да се воздржат од понатамошни напади врз Светската здравствена организација (СЗО), по американската одлука да запрат со финансирање на таа агенција на ОН.

Како што нагласи заменикот министер за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, СЗО делиува целосно во согласност со својата повелба и дека ја почитуваат владите на повеќето земји, како и научници, лекари и епидемиолози.

Ги повикуваме САД да се воздржат од понатамошни напади на СЗО и да водат одговорна политика што нема да ја поткопува основата на меѓународната соработка во областа на медицината – истакнаРјабков.