Свет

Русија ги откажува сите лансирања на вселенските леталата „Сојуз“

Русија ги откажува сите лансирања на вселенските леталата „Сојуз“

Шефот на руската вселенска агенција „Роскосмос“ изјави дека екипажот на мисијата „Сојуз“, кој направи принудно слетување во прекинатото лансирање на 11 октомври, на пролет следната година ќе започне нова вселенска мисија.

Но, вселенската агенција денеска соопшти дека сите лансирања на вселенски летала од типот на „Сојуз“ ќе бидат суспендирани откако било утврдено дека проблемот бил предизвикан од судир на првата и втората фаза на ракетата за време на првата фаза на одвојување.

Тоа предизвика опасно слетување во Казахстан на рускиот космонаут Алексеј Овчинин и американскиот астронаут Ник Хаг.

Шефот на „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин во пост на твитер денеска напиша дека Овчинин и Хаг „дефинитивно ќе имаат лет.“

„Планираме да го организираме летот пролетта следната година“, напиша Рогозин на Твитер.