Свет 02. јуни 2020. / 11:22

Русија: Бројот на починати од Ковид-19 надмина 5.000

Русија: Бројот на починати од Ковид-19 надмина 5.000

Во Русија во последните 24 часа од корона вирус починале уште 182 лица, така што бројот на смртни случаи во оваа земја се искачи на 5.037 лица, соопшти денеска кризниот центар задолжен за корона вирус.

Бројот на оздравени пациенти во изминатите 24 часа е поголем во однос на новозаразените, бидејќи од болниците отпуштени се 11.108 пациенти. Од инфекции од корона вирусот оздравеле вкупно 186.985 луѓе.

Руското Министерство за здравство во вторникот извести за 8.863 нови позитивни случаи на Kовид-19, со што вкупната бројка на инфицирани изнесува 423.741 лице.