Германскиот заменик-министер за надворешни работи, Михаел Рот, изјави дека британската премиерка Тереза Меј нема да добие никакво ветување за ново преговарање во однос на прашањето за Брегзит од германската канцеларка, Ангела Меркел.
Рот истакна дека главните преговарачи за Брегзит се во Брисел, а не во Берлин.
Запрашан за коментар за она што би можела Меј да го очекува од денешната средба со Меркел, тој рече дека се надева оти ќе си посакаат една со друга среќен Божиќ, сила и сè најдобро во следната година, пренесува АП.