Свет

Романците не се откажуваат – трет ден протести против корумпираната влада

Романците не се откажуваат – трет ден протести против корумпираната влада

Над илјада Романци веќе трет ден по ред демонстрираат во Букурешт и во неколку други градови против корупцијата и социјалдемократската влада.

Демонстрантите бараат оставка на премиерката Вјорица Данчила.

Оваа вечер протестите се мирни, за разлика од петокот, кога полицијата употребила солзавец и воден топ против демонстрантите, наведува Ројтерс.

Пред зградата на владата во Букурешт се собраа околу 15.000 луѓе кои бараа оставки на функционерите поради корупција.