Иран нема да попушти пред притисоците и ќе ги реши сите проблеми без да го жртвува својот национален дигнитет и слобода, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани.
Тој во телевизиското обраќање наведе дека Иран никогаш нема да се предаде пред Америка, но „САД ќе ги клекне на колена“.
„Мораме да му покажеме на светот дека ќе ги надминеме проблемите и потешкотиите, без жртвување на нашата слобода, независноста, демократија, републикански систем, религија и култура“, посочи Рохани.
Претседателот на САД, Доналд Трамп на почетокот од мај најави дека САД се повлекуваат од иранскиот нуклеарен договор потпишан во 2015 година и оти повторно ќе воведе санкции кон Иран.
Официјален Техеран тврди дека има право на збогатување на ураниум во мирнодопски цели.