Иранскиот претседател Хасан Рохани и се извинил на Украина за соборениот украински патнички авион во близина на Техеран, информира украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Двајцата претседатели имале телефонски разговор, соопшти прес службата на шефот на украинската држава.
– Рохани се извини за трагедијата, која однесе животи на 176 лица. Претседателот на Иран целосно признава дека до трагедијата дојде поради погрешни дејствија на војската во нивната земја – се наведува во соопштението на украинското претседателство.
Зеленски на Рохани му соопштил дека инсистира Иран под итно да го заврши идентификувањето на телата на загинатите во инцидентот.
– За нас е исклучително важно следната недела, до 19 јануари, телата на загинатите да бидат вратени во Украина, за да можат роднините да се збогуваат со нив – подвлекува украинскиот претседател.