Началникот на британскиот штаб за одбрана Ник Картер во неделата изјави дека глобалната несигурност и страв во услови на економска криза предизвикана од избувнувањето на Ковид-19 може да доведе до нова светска војна.
Картер за Скај Њуз изјави дека во денешно време „светот е многу неизвесно и вознемирено место и секако, динамиката на глобалната конкуренција е одлика и на нашите животи, и мислам дека реалниот ризик го имаме со многу регионални конфликти што се случуваат во моментот, дали можете да видите дека ескалацијата води кон погрешна пресметка“.
Тој додаде дека постои ризик од друга светска војна и дека „треба да бидеме свесни“ за тој ризик.