Трката за претседателската позиција е далеку од готова.
Иако првичните информации велеа дека резултатите би биле познати до раните утрински часови, комплицираниот систем на гласање и огромниот број на гласачки ливчиња испратени преку пошта го направија овој процес многу покомплициран.
Моменталната ситуација во 7 часот и 20 минути е:
БАЈДЕН: 223
ТРАМП: 212
Потребни се 270 гласови во изборниот колеџ со цел еден од кандидатите да биде прогласен за победник.
Осумте држави кои ќе играат клучна улога и се се уште во игра се:
- Аљаска (6 поени)
- Аризона (11 поени)
- Џорџија (10 поени)
- Мичиген (16 поени)
- Невада (6 поени)
- Северна Каролина (15 поени)
- Пенсилванија (20 поени)
- Висконсин (10 поени)
Поголем дел од овие држави се очекува да преминат на страна на Трамп и да бидат обоени во црвено, но можноста за пресврт не треба да биде исклучена.