Свет 19. јуни 2018. / 14:21

Републиканците повеќе не ја подржуваат политиката на Трамп кон нелегалните мигранти

Републиканците повеќе не ја подржуваат политиката на Трамп кон нелегалните мигранти

Републиканците во Конгресот вчера најавија повлекување од политиката на Трамп за нулта толеранција кон нелегалните имигранти, односно им се придружија на демократите во барањето до претседателот Трамп, да се сопре притворањето на родителите заедно со нивните деца.

Републиканците, рекоа дека моментално составуваат план, со кој ќе се стави крај на разделувањето на семејствата. Гувернерот на Масачусетс Чарли Бејкер, републиканец, рече дека повеќе нема да и дозволи на Националната Гарда на Масачусец, да помога во пограничната безбедност, како протест против политиката на Трамп.

Поранешната прва дама Лора Буш, исто така, се обиде да ги спореди семејните поделби на имигрантите, со интернацијата на јапонските Американци за време на Втората светска војна.