Француската автомобилска групација Рено, којашто е во сериозни финансиски потешкотии, најави план за штедење од два милијарди евра во следните три години и укинување на 15.000 работни места, од кои 4.600 во Франција. Рено вработува вкупно 48.000 луѓе.
Сепак, компанијата не планира да има директни отпуштања од работа, туку ќе има пренасочување, внатрешна мобилност или доброволно заминување.
Групата Рено, во која се наоѓаат уште четири други марки покрај Рено, Алпин, Дачиа, Лада и Самсунг Моторс, предвидува вкупно намалување за осум отсто на своите ефективи во светот.
Синдикатот ЦФДТ, втор синдикат во групацијата Рено, обвини дека планот претставува „социјален крах и деиндустријализација“, заканувајќи се дека ќе ги употреби сите средства за да бидат слушнати нивните барања.