Свет 17. декември 2019. / 13:02

Рекордно високо ниво на рејтингот на Трамп

Рекордно високо ниво на рејтингот на Трамп

Популарноста на американскиот претседател достигнува рекордно ниво неколку дена пред соочувањето со импичмент.

Како што соопшти американскиот универзитет Квинипак, кој редовно извршува такви анкети, нивото на поддршка на Трамп изнесува 43 отсто од анкетираните, наспроти 52 отсто со негативен став.

И покрај тој нов личен рекорд, Претставничкиот дом се очекува да гласа за импичмент за неколку дена, по третпат во историјата на САД.

Покрај тоа, популарноста на сегашниот претседател е помала од онаа на повеќето негови претходници во исто време во нивните мандати.

На 23 октомври, пред да почнат јавните расправи за импичмент, популарноста на Трамп беше само 38 проценти, потсетува универзитетот. На 10 декември тој имаше поддршка од 41 процент од Американците.