Свет 08. април 2020. / 21:02

Рекордни 938 жртви од Ковид-19 во Велика Британија

Рекордни 938 жртви од Ковид-19 во Велика Британија

Велика Британија за едно деноноќие забележа рекордни 938 нови смртни случаи од коронавирус, со што вкупниот број на починати во земјата надмина 7.000 лица.

–Од 17 часот на 07 април, од оние кои се хоспитализирани во Велика Британија  и кои биле позитивни на коронавирусот, 7.097 за жал починале. , напиша на „Твитер“ британското Министерство за здравство.

Истовремено, здравствената состојба на британскиот премиер Борис Џонсон се „подобрува“, но тој останува на интензивно лекување, истакна министерот за финансии Риши Сунак.

Претходно портпарол на Џонсон изјави дека британскиот премиер „добро реагира на лекувањето и се наоѓа во стабилна состојба“, откако помина трета ноќ во лондонската болница „Сент Томас“.