Свет 25. април 2018. / 13:59

Рекордна заплена на кокаин – 9 тони дрога сокриле меѓу банани, сите шверцери уапсени

Рекордна заплена на кокаин – 9 тони дрога сокриле меѓу банани, сите шверцери уапсени

Шпанската полиција заплени речиси девет тони кокаин, што бил скриен во контејнери со банани.

Дрогата е откриена во шпанското пристаниште Алхесирас. Контејнерот со кокаинот бил утоварен во колумбиското пристаниште Турбо.

Уапсени се шест лица поврзани со пратката со кокаин, од кои тројца во Малага, двајца во Лион и еден во Алхесирас.

– Тоа е најголема откриена поединечна пратка на наркотици во Европа, соопшти шпанската царина.