Бројот на починати од корона вирус во Русија достигна нов врв со 153 заразени пациенти кои починале во последните 24 часа.
Со оваа бројак, сега во Русија има 3.541 смртен случај поврзан со Ковид-19. Повеќе од 344.400 луѓе се заразени низ целата земја, а околу 113.000 се опоравиле.
Сепак, бројот на лица починати од вирусот во Русија е релативно мал во однос на бројот на заразени. Неодамна, во неколку медиуми имаше извештаи дека многу смртни случаи не се појавуваат во статистиката, но Владата остро го негира тоа.
Властите посочуваат дека пандемијата посериозно ја погодила Русија подоцна во споредба со повеќето европски земји.
Вирусот првично избувна во Кина, а Русија се затвори релативно брзо поради долгата погранична линија со соседната земја.