Во Германија за еден ден биле регистрирани рекордни 19.900 новозаболени од Ковид-19.
Во Германија се потврдени 19.900 новозаболени лица со Ковид-19, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 597.583 луѓе, соопшти германскиот Институт Роберт Кох.
Овој број на новозаболени е најголем од почетокот на епидемијата. Бројот на смртни случаи во изминато деноноќие се зголеми за 118 и изнесува 10.930.
Во Германија од понеделникот во сила е делумно затворање, а министерот за здравство Јенс Шпан апелира до граѓаните да се подготват за тешки времиња.
На целата територија на државата се затворени угостителските објекти, културните институции и забранети се сите облици на собири.