Иранскиот претседател Хасан Рохани соопшти дека речиси половина од сите владини службеници останале дома како дел од мерките за борба против ширењето на епидемијата на корона вирусот, јави државната телевизија.
Иран е една од земјите кои се најтешко погодени од вирусот Ковид-19 заедно со Италија, Кина и Шпанија.
Властите сопштија дека во поселедното деноноќие имало 122 нови смртни случаи од корона вирусот со што вкупната бројка на починати сега е 1.934.
Според портпаролот на Министерството за здравство, потврдени се 1.762 нови инфекции – дневен рекорд – во изминатите 24 часа. Во Иран има вкупно 24.811 заразени.
Како друга мерка за спречување на епидемијата, властите одлучија дека привременото ослободување на затворениците ќе биде продолжено до 18 април.