Свет 02. март 2021. / 16:08

Речиси две третини од Русите веруваат дека коронавирусот е „биолошко оружје“

Речиси две третини од Русите веруваат дека коронавирусот е „биолошко оружје“

Скоро две третини од Русите веруваат дека коронавирусот е „биолошко оружје“ создадено од човекот, покажа истражувањето на Рускиот независен центар Левада.

Ваквите резултати сведочат за традиционалната недоверба кон властите, нагласениот недостаток на транспарентност во управувањето со пандемијата и затегнатите односи со западот, оценува центарот.

Според истражувањето спроведено на над 1.600 луѓе, само 23 проценти од Русите веруваат дека појавата на коронавирусот е природен феномен „без човечка интервенција“, додека 64 проценти сметаат дека тој е „вештачки феномен и претставува ново биолошко оружје“.

Истата анкета покажува дека стапката на Руси кои се подготвени да се вакцинираат против коронавирусот опадна за два месеца од 38 на 30 проценти.