Свет 16. април 2020. / 10:21

Речиси 700 француски морнари на носач на авиони се заразени со Ковид-19

Речиси 700 француски морнари на носач на авиони се заразени со Ковид-19

Речиси 700 морнари на францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ се позитивни на корона вирусот, соопшти француското Министерство за одбрана.

Како што се наведува во соопштението, тестирани биле 1.767 морнари, речиси сите од „Шарл де Гол“, а резултатите покажале дека најмалку 668 од нив биле заразени со вирусот.

Вкупно 31 член на екипажот се наоѓаат во болницата.

Овој носач на авиони, кој неодамна учествуваше на вежби со северноевропски морнарица во Балтичкото Море, се врати две недели порано во Тулон, град на југот на Франција, затоа што околу 40 членови на екипажот покажаа симптоми на коронавирусот.

„Шарл де Гол“ е вториот носач на авиони во светот на кој официјално е потврдено присуство на коронавирусот, после американскиот носач на авиони „Теодор Рузвелт“.

Шефот на француската морнарица нареди истрага.