Свет 02. јуни 2020. / 14:07

Речиси 50.000 смртни случаи од корона во Велика Британија

Речиси 50.000 смртни случаи од корона во Велика Британија

Бројот на смртни случаи поврзани со корона вирусот во Велика Британија во вторникот се преближи на 50 илјади, што предизвика причини за загриженост кај премиерот Борис Џонсон кој се обидува да ги ублажи рестриктивните мерки воведени како би се спречила заразата, јавува Ројтерс.

Бројот на смртни случаи во моментов изнесува 49.646, кои ги вклучува најновите податоци за Англија и Велс, како и претходните податоци за Шкотска и Северна Ирска, наведува Ројтерс.

Во месец март главниот научен совет на британската влада процени дека задржувањето на бројот на смртни случаи под 20.000 би бил „добар исход“, но веќе во април владата како најлошо сценарио ја сметаше бројката која сега ја достигна.

За британската влада најважно е што здравствениот систем го издржа теретот и покрај тоа што се направени некои грешки во управувањето со најголемата здравствена криза во земјата по онаа од 1918, предизвикана од шпанскиот грип.

Бројките објавени во вторникот ги вклучуваат сите достапни случаи кај кои смртта би можело да биде поврзана со заразата од корона вирус, како пациентите со претходни респираторни заболувања.