Повеќе од 70 луѓе во Њу Делхи се ставени во карантин, откако било откриено дека доставувач на пици е позитивен на корона вирусот.
Сите тие се ставени во карантин и ќе бидат тестирани доколку развијат симптоми, соопштија официјалните власти.
Индија неодамна го продолжи карантинот низ целата земја до 3 мај, а за тоа време е дозволена достава на храна и намирници.