Свет 29. декември 2019. / 11:45

Размена на затвореници меѓу Украина и Русија.

Размена на затвореници меѓу Украина и Русија.

Украинските власти и силите на бунтовниците поддржани од Русија во источна Украина почнаа со размена на затвореници, објавија руските новински агенции.

Се очекува украинската страна да предаде 87 лица, додека сепаратистите треба да разменат 55, објави новинската агенција „Унијан“ која цитираше претставник на сепаратистите од Доњецк.

Ова ќе биде втора голема размена на затвореници во која учествуваат Украинци фатени во конфликтот за четири месеци.

Идејата за размена на затвореници доби важност за време на мировните преговори во Париз на 9 декември меѓу Украина, Русија, Франција и Германија – со цел да се стави крај на 5-годишниот конфликт.

Претходно Русија и Украина разменија 70 затвореници, што многумина го сметаа за напредок во напорите за стишување на војната во која загинаа повеќе од 13.000 луѓе