Полицијата од Грција и Италија, со поддршка на Европол и Европравда, разбија голема организирана криминална група која шверцувала мигранти.
Како што се наведува, мигрантите биле шверцувани со чамци преку Јадранското Море.
Според Европол, околу 150 мигранти, вклучително и деца, биле шверцувани во небезбедни и пренатрупани чамци.
На денот на акцијата, биле спроведени 13 претреси во куќи, а уапсени биле осум лица од грчко и италијанско потекло како и помагачи од блискиот исток, осомничени дека се членови на криминална мрежа.
Групата била активна од 2018 година, а прокриумчарила околу 150 мигранти од западна Грција преку теснецот на островот Крф кон јужниот италијански брег во близината на Лече.
Мигрантите платиле до 6.000 евра за патување што траело околу 12 часа со чамци, некои долги едвај 10 метри.