Свет 07. јуни 2018. / 17:25

Расмусен: Русија може да ја окупира Украина за неколку дена

Расмусен: Русија може да ја окупира Украина за неколку дена

Во случај на воен судир меѓу Русија и Украина, Украина би била поразена за неколку дена, изјави во интервју за германскиот весник „Велт“ поранешниот генерален секретар на НАТО.

„Доколку Русија сака, нејзините трупи би можеле да ја окупираат Украина за само неколку дена, и покрај фактот што во изминативе две-три години Украина значително го зголеми својот воен потенцијал како одговор на нападот на нејзината територија“ – изјави Андрес Фог Расмусен, кој инаку е советник на претседателот на Украина.

Според неговите зборови, земјите на НАТО подготвени се за “моќен напад на руските тенкови“, но најдобар начин за одржувањето на мирот е зауздувањето на потенцијалниот противник.

Истовремено, Расмусен налгасил дека Русија може да и се приклучи на Алијансата во било кој момент, под услов да ги исполни неопходните критериуми.

„Меѓутоа, НАТО досега не доби одговарачка изјава од Москва, а да бидам искрен, мислам дека тоа ни во иднина нема да се промени“ – додал Расмусен.