Свет 07. декември 2019. / 21:30

„Рајанер“ ги укинува летовите кон градовите од поранешна СФРЈ

„Рајанер“ ги укинува летовите кон градовите од поранешна СФРЈ

Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ ќе ги прекине своите редовни летови од аеродромот во Стокхолм кон Бања Лука, Ниш и Подгорица поради затворање на своите бази.

Компанијата ги укинува и сезонските летови до Риека. Сепак, по оваа одлука и понатаму остануваат сезонските летови кон Задар.

Од авиопревозникот објаснија дека затворањето на базите доаѓа поради доцнење на испораката на авионите „Боинг 737 макс“, кои моментно се приземјени со одлука на регулаторните органи низ светот.

– Очекуваме да го намалиме капацитетот кон многу други дестинации и моментно разговараме со нашите луѓе, синдикатите, како и со аеродромите опфатени со оваа одлука, со цел да ги завршиме таквите помали редукции – соопшти авио компанијата.

„Рајанер“ кон и од аеродромот во Стокхолм превезува околу 1,2 милиони патници годишно, што е околу половина сообраќај на тој аеродром.