Стотина полицајци извршиле рации во четири германски сојузни држави, во рамки на истрагата за криумчарење луѓе, објавија германските медиуми. Полицијата соопштила дека околу 800 полицајци претресле 21 канцеларија и куќи во Хамбург, Бремен, Долна Саксонија и Саксонија Анхалт.
За време на рацијата пронајдени се најмалку 35 нелегални мигранти. На цел на рациите, според информациите, се нашла банда на државјани на Молдавија, кои во Германија влегле користејќи лажни романски документи и таму работат нелегално.
Меѓу осомничените во Саксонија Анхалт биле и оние кои се доведени во врска со ултрадесничарското движење „Граѓани на Рајхот“, соопшти полицијата.